(Видео) Лејди Гага за гласините дека е маж: Еве зошто никогаш не зборував за тоа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лејди Гага се појави во втората епизода на Што е следно? Иднина со Бил Гејтс и зборуваше за гласините што ја следеа на почетокот на нејзината кариера. Во тоа време, едно од најчестите тврдења беше дека 38-годишната пејачка всушност е маж.



Во 2011 година, таа изјави за Си-ен-ен: „Зошто, по ѓаволите, ќе го губам своето време испраќајќи соопштенија за печатот за тоа дали имам или немам пенис? На моите обожаватели не им е гајле, а ниту на мене“.

Сега после 13 години повторно ја допре таа тема.

„Кога бев во раните дваесетти, се шушкаше дека сум маж. Отидов низ целиот свет, правев турнеи, промовирав албуми и речиси во секое интервју ми кажуваа дека има гласини дека сум маж и ме праша што имам да кажам за тоа. Причината што не одговорив на прашањето е што не се чувствував како жртва на таа лага“, изјави Гага.

„Но, размислував за тоа. Што е со дете кое е обвинето за такво нешто, кое би помислило дека јавна личност како мене треба да се срами? Имаше фотошопирани фотографии на Интернет и луѓето велеа: „Знаете дека постои гласини дека си маж што имаш да кажеш на тоа?“, се присети Гага.

„Сум била во ситуации кога корегирањето на гласините не било во најдобар интерес – размислував за доброто на другите луѓе. Затоа во тој случај се обидов да бидам провокативна на друг начин. Се обидов да користам дезинформации“, заклучил музичарката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK