Портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер, објави дека две предвремено родени бебиња починале во опколената болница „Ал Шифа“ во Газа во неделата пред евакуацијата, пренесува „Ал Џезира“.
„Децата починаа таа ноќ исклучиво поради недостапната медицинска помош“, додаде Линдмајер.
Во неделата Светската здравствена организација помогна да се евакуираат 31 предвремено родено бебе од „Ал Шифа“, додека во понеделникот 28 бебиња беа пренесени преку границата во Египет преку граничниот премин Рафа.
Останатите деца моментално се во болници во јужниот дел на Газа.
УНИЦЕФ откри дека 20 од 28 бебиња биле префрлени во Египет без нивните родители да ги придружуваат.
Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер во Женева изјави дека причините се различни, од неможноста на некои родители да ја преминат границата, додека други деца ги загубиле своите семејства.