Свлечиште предизвикано од обилни врнежи на Филипините затрупа два автобуса, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија официјални лица.
Свлечиштето било предизвикано вчера вечерта пред рудникот за злато во градот Мако, во јужната провинција Давао де Оро, каде автобуси ги превезувале вработените во рударската компанија „Апекс мининг“, се наведува во соопштението.
Официјалните лица веднаш немаа информации за бројот на патници во автобусите, а повредените, од кои еден е во критична состојба, се пренесени во болница, пренесува Ројтерс.
Агенцијата за катастрофи, исто така, издаде наредба за евакуација на пет села во близина на Мак, на островот Минданао.
Североисточниот монсун што ги погоди Филипините донесе дождови во јужниот регион Минданао од 28 јануари до 2 февруари, предизвикувајќи смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.