Светските цени на храната во февруари најниски во последните три години

677z381_dan-gold-4_jhDO54BYg-unsplash-1-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во февруари светските цени на храната паднаа на најниско ниво во последните три години, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).


Во февруари е забележан пад на цените на сите поважни жита и растителни масла за период од еден месец, што го компензира зголемувањето на цените на млечните производи, месото и шеќерот.

Светскиот индекс на цените на храната за февруари падна од јануарските 118,2 поени на 117,3 поени, со што продолжи падот на светските цени на храната што започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на ФАО. Вредноста на овој индекс е 10,5 отсто или за 13,8 поени пониска во однос на февруари 2023 година.

Цените на житата паднаа за пет отсто на 113,8 поени месечно поради големата понуда на пазарот и очекувањата за добра жетва на пченка во Јужна Америка, а цените на растителните масла за 1,3 отсто на 120,9 поени. Показателот за цената на млечните производи порасна за 1,1 отсто на деветмесечниот максимум од 120 поени, а најмногу пораснаа цените на путерот поради поголемата увозна побарувачка од купувачите од Азија, пренесува Танјуг.

По седум последователни месеци пад, цените на месото во февруари се зголемија за 1,8 отсто на 112,4 поени, главно поради повисоките цени на живината и говедското месо. Индексот кој ги следи цените на шеќерот се зголеми за 3,2 отсто на 140,8 поени поради загриженоста за производството во Бразил, Индија и Тајланд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK