Сведоштво на француска тенисерка: тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Сведоштво-на-француска-тенисерка-тренерот-ме-силуваше-400-пати-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната француска тенисерка Анжелик Коши сведочеше како дел од истрагата за сексуална злоупотреба на малолетници во рамките на Француската тениска федерација. Коши даде грозоморни детали за злоупотреба, наведувајќи дека тренерот ја силувал 400 пати во период од две години, понекогаш и три пати на ден.


Анжелик Коши сведочеше дека тренерот Андрју Гедес ја силувал три пати на ден кога ја преземал тренерската должност во француската репрезентација, а таа имала само 12 години.

„Бевме во Ла Бол, таму ги носеше своите жртви. Ги живеев најлошите две недели во животот, ме силуваше три пати на ден“, им рекла тенисерката на властите. Таа додаде дека нејзиниот тренер и рекол дека има СИДА, поради што живеела убедена дека и самата има СИДА од 13 до 18 години.

„Многу пати размислував за самоубиство, ме силуваше три пати на ден. Првата вечер ме замоли да одам во неговата соба, а јас не отидов. И така тој влезе во мојата. Беше лошо. Бев затворена, не можев да излезам кога сакав“, изјави поранешната тенисерка, која и самата е тениски тренер.

Таа се присети и дека му рекла на тренерот дека не треба да го прави тоа, дека не сака, на што тој одговорил дека тоа понекогаш се случува во односите меѓу тренерите и учениците бидејќи поминуваат многу време заедно и дека тоа е целосно нормално.

Коши тврди дека тренерот имал поддршка од претседателот на тениската асоцијација.

„Во светот на тенисот беше познато дека неговото однесување кон младите девојки не е коректно. Кога една девојка му се пожалила на претседателот дека се однесува недолично кон младите, со вербално и физичко насилство, одговорот бил „Да, но тој ни носи титули“, тврди Коши.

Уште три девојчиња, на возраст меѓу 15 и 17 години, станаа жртви на Гедес.

Тие рекоа дека тренерот ги принудил да ги прекинат врските со нивните семејства и пријатели и ги подложил на серија насилни сексуални напади во неговиот автомобил, во соблекувалната или за време на тренинг.

Тренерот Ендрју Гедес беше осуден на 18 години затвор во 2021 година за сексуално вознемирување на четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK