Леонардо, сведок на страшната несреќа во Венеција, за италијанскиот LaPresse ги опиша звуците што ги слушнал кога се случила несреќата.
Во моментот на несреќата тој се наоѓал во стан недалеку од местото на несреќата.
„Слушнав силно сопирање, мислев дека е воз. Потоа звук на тап, тап удар. Се стресов и погледнав надвор, видов чад и луѓе кои повикуваат на помош“, вели Леонардо.
„Веднаш излегов надвор, кога стигнав до автобусот, врисоците се претворија во мртва тишина. Сакав да помогнам, но другарката и полицајката ме спречија бидејќи автобусот сè уште беше во пламен и постоеше опасност од експлозија. Останав таму додека не дојде помошта, која пристигна по дваесетина минути“, опиша Леонардо.