Судот со порака до властите во Холандија: „Слободно растерајте ги волците со пејнтбол“

Судот-со-порака-до-властите-во-Холандија-„Слободно-растерајте-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот во Холандија во средата пресуди дека властите можат да користат пиштоли „пејнтбол“, кои испукуваат топчиња со боја кои се расфрлаат при удар, за да ги растераат волците во популарниот национален парк, откако барем еден од нив почнал да им се приближува на посетителите.


Таа одлука беше победа за источната провинција Гелдерланд, која беше тужена затоа што се обиде да употреби пиштоли „пејнтбол“ за да ги исплаши дивите волци, кои се заштитени во Холандија и не можат да се ловат.

Организацијата за диви животни која се спротивставува на планот рече дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Два века откако волците беа прогонувани додека не изумреа во Холандија, се вратија во таа земја во 2019 година кога брачен пар ја премина границата од Германија и роди три младенчиња на холандска почва.

Минатата година Европската комисија објави дека размислува дали да ги ограничи мерките за заштита на волците поради загриженоста на сточарите.

Експертите и еколошките здруженија проценуваат дека може да има до 19.000 волци во 27-те земји-членки на ЕУ, а се смета дека има повеќе од 1.000 во Бугарија, Грција, Италија, Полска, Романија и Шпанија.

Окружниот суд во Централна Холандија во пресудата навел дека една волчица во националниот парк Хоге Велув била видена како им приоѓа на пешаци и велосипедисти, што го нарече „неприродно однесување“.

Тој парк е популарен за планинарите и велосипедистите, а е дом и на светски познатата уметничка галерија, музејот Кролер-Милер. Тој е исто така дом на многу видови животни, вклучувајќи елени, овци, муфлон и диви свињи. Овие животни во последните години неколку пати биле нападнати од волци.

Паркот неодамна објави видео на Инстаграм на кое се вели дека постојат две глутници волци – едно внатре во оградениот парк и друго надвор како се борат.

Вештакот кој сведочеше пред судот во име на покраината рече дека една волчица е „се похрабра“, се вели во судското соопштение.

„Експертот заклучува дека ова неприродно однесување претставува сериозна закана за јавната безбедност. Тоа што се чини дека волкот сè помалку се плаши од луѓето не значи дека животното повеќе не може да стане агресивно и да гризе“, додаде судот.

Се уште не е познато кога властите ќе почнат да користат пиштоли „пејнтбол“ за да ги растераат волците во паркот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK