Судењето на Трамп за фалсификување даночни податоци ќе почне на 25 март 2024 година во судот на Менхетен

tramp_4535435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за обвинението дека фалсификувал деловни записи за да ги прикрие парите платени за замолчување на порно ѕвездата Сторми Даниелс ќе почне на 25 март следната година, изјави вчера процесниот судија Хуан Мерчан од судот во Менхетен.

Судијата Мерчан го одреди датумот за време на сослушувањето на кое поранешниот американски претседател учествуваше преку видео-конференциска врска од Флорида.


Трамп се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи.

Поранешниот претседател молчеше на рочиштето, а судијата разговараше само со неговите двајца адвокати.

Според извештаите на американските медиуми, Трамп неволно ги крена рацете кога беше објавен датумот на судењето, бидејќи процесот ќе почне точно во време на оддржување на партиските прелиминарни избори следната година.

Мерчан помина голем дел од 15-минутното сослушување прегледувајќи ја наредбата издадена на 8 мај, која ги поставува основните правила за однесувањето на Трамп во врска со судењето.

Тој го информираше поранешниот претседател за ограничувањата за јавно презентирање одредени докази обезбедени од обвинителите.

Трамп може да зборува за случајот и да се брани, рече тој, но не може да ги користи доказите за да напаѓа сведоци или да објавува чувствителни документи на социјалните мрежи. Доколку ја прекрши наредбата, се соочува со кривична пријава за непочитување на судот.

Обвинителите наведоа дека таквиот судски налог е потребен поради историјата на напади од страна на Трамп на социјалните мрежи и ризикот сведоците да можат да бидат малтретирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK