Пензионираниот маршал на британското воено воздухопловство Едвард Стрингер изјави дека Западот ја принудува Украина да се бори спротивно од тактиката што би ја применила Северноатлантската алијанса.
– НАТО против Русија би се борел така што прво би ја добил воздухопловната битка, а потоа би ја искористил воздушната надмоќ за да води успешна копнена битка. Со оглед на слабоста на руските воздухопловни сили, тоа не е би било само сон. Но, досегашните ограничени донации од Западот ја натераа Украина да продолжи со тактиката „мелење“. Го ограничивме Киев да се бори на начин, што ние не би го примениле, истакнува Стрингер во напис за „Фајненшал тајмс“.
Тој потсетува дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски долг период барал од западните сили воени авиони Ф-16.
– Ако сакаме Русија да биде поразена, треба да ја смениме оваа позиција. Одлуката за Ф-16 е голем чекор во вистинската насока. Овие авиони можеби нема да пристигнат навреме за да помогнат во пролетната офанзива на Украина, но самата најава ќе влијае врз војската и политички калкулации во Кремљ, посочува Стрингер.