Странски турист избоден до смрт во Шпанија: тежок инцидент пред ноќен клуб

spanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Британски турист (30) бил избоден до смрт додека бил на одмор во Шпанија. Убиството се случило пред ноќниот клуб „Оксиген“ во гратчето Калела, кое се наоѓа на околу 50 километри северно од Барселона.

Како што пренесува Дејли мејл, локалните медиуми јавија дека нападот се случил околу пет часот наутро. Британскиот турист наводно бил вмешан во расправија со друга група странци. Настанала тепачка во која уште едно лице било повредено и пренесено во болница.

Полицијата покрена истрага и засега никој не е уапсен, објави локалниот весник „Ел Касо“.

„Имаше тепачка пред ноќниот клуб. Резултатот од инцидентот беше еден убиен и еден повреден турист кој е пренесен во болница“, соопшти полицијата.

Полицијата ги прегледува безбедносните камери за да го утврди идентитетот и да ги уапси напаѓачите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK