Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и финскиот претседател Александар Стуб телефонски разговараа за подготовките за самитот на НАТО во Вашингтон и поддршката за Украина.
„Го поздравивме историскиот пристап на Шведска во НАТО и разговаравме за подготовките за самитот на Алијансата во јули. Кога членките на Алијансата ќе се сретнат во Вашингтон, ќе ја зајакнеме нашата одбрана, ќе направиме чекор напред за Украина и ќе го продлабочиме нашето партнерство“, порача Столтенберг.
Во јули 2023 година, на самитот во Вилнус, лидерите на земјите од НАТО објавија завршна изјава во која се наведува дека иднината на Украина е во НАТО.