Средба на турскиот и американскиот МНР во Џакарта

fidan blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан, разговараше на повеќе теми со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во главниот град на Индонезија, Џакарта, јави Анадолија.

Состанокот на шефовите на турската и американската дипломатија се одржа во Џакарта на маргините на 56-от состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).


Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Фидан и Блинкен разговарале за продолжување на одлуките донесени на Самитот на лидерите на НАТО што се одржа во Вилнус и за актуелните случувања во Авганистан.

Претходно Министерството соопшти дека турскиот министер за надворешни работи Фидан во Џакарта бил примен од индонезискиот претседател Видодо, а имал и телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK