Србија и Кипар потпишаа три меморандуми за соработка, Вучиќ: Горд сум

Србија-и-Кипар-потпишаа-три-меморандуми-за-соработка-Вучиќ-Горд.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владите на Србија и на Република Кипар во Белград во присуство на претседателот Александар Вучиќ и Никола Христодулидис потпишаа три меморандуми за соработка во областа на науката, образованието и дипломатските академии.



Меморандумот за разбирање за соработка меѓу Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Србија и Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Република Кипар го потпишаa првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и министерот за надворешни работи на Кипар Констандинос Комбос.

„Горд сум што нашата земја и Кипар потпишаа меморандуми за соработка во областа на науката, образованието и дипломатијата. Ова само дополнително ќе ја зајакне нашата соработка и пријателски односи за доброто на нашите народи“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK