Советот за безбедност на Русија: Западот се обидува да ги раздели Русија и Казахстан

sovet-za-bezbednost
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев при неговата посета на Алмати изјави дека Западот се обидува да постави клин меѓу Русија и Казахстан, мешајќи се во работите на суверените држави.

Патрушев во Казахстан се сретна со колеги од целиот поранешен советски централноазиски регион.


– САД и нивните сојузници се обидуваат да ги поддржат националистичките чувства, шират лаги, манипулираат со јавното мислење, вклучително и преку интернет и социјалните мрежи, истакна заменикот на Патрушев, Александар Шевцов.

Казахстан, земја богата со нафта е долгогодишен сојузник и економски партнер на Русија. Но, Казахстан одби да ја поддржи инвазијата на Москва врз Украина и најави оти ќе се придржува до западните санкции против Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK