Советот на ЕУ поддржа формирање на база на таленти: ќе се олесни вработувањето на лица од трети земји во унијата

bosna-eu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Советот на ЕУ денеска го усогласи својот став за предлогот за формирање база на таленти на ЕУ, за да се олесни вработувањето на лица од трети земји во ЕУ.

Базата на таленти ќе се формира како онлајн платформа на ниво на ЕУ, која ќе овозможи усогласување на профилите на барателите на работа, кои не доаѓаат од ЕУ, со слободните работни места со цел да се пополнат дефицитните занимања на работодавачите во ЕУ.

Целта на оваа платформа е да се олесни регрутирањето на таленти од трети земји, кои живеат надвор од ЕУ, како и да се направи пазарот на ЕУ поконкурентен и да се справи со недостигот на работна сила, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK