Советот на ЕУ ги усвои „Законот за чипови“ и Директивата за енергетска ефикасност

sovet-na-eu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на ЕУ ги одобри Регулативата за зајакнување на полупроводничкиот екосистем во Европа, попозната како „Закон за чипови“ и усвои Директива со нови правила за намалување на потрошувачката на енергија од страна на крајните потрошувачи на ниво на ЕУ за 11,7 отсто до 2030 година.

„Законот за чипови“ има за цел да го поттикне развојот на европската индустрија за полупроводници, да привлече инвестиции и да промовира истражување и иновации во овој сектор, како и „да ја подготви Европа за евентуална идна криза со снабдување со чипови“.


Со оваа Регулатива, како што јави специјалниот ивестувач на МИА од Брисел, се предвидува да се привлечат 43 милијарди евра јавни и приватни инвестиции, од кои 3,3 милијарди евра од буџетот на ЕУ и до 2030 година уделот на Унијата на глобалниот пазар на полупроводници да се зголеми од сегашните 10 на најмалку 20 проценти.

Официјални лица во сегашната американска администрација вршат притисок врз компаниите што произведуваат полупроводници да бидат „потранспарентни“ во однос на нивните синџири на снабдување, до

Според шпанскиот министер за индустрија, трговија и туризам Хектор Гомез Хернандез, со „Законот за чипови“ ЕУ ќе се најде во „пол позиција“ во светската трка за полупроводници.

– Веќе на дело можеме да видиме нови производствени погони, нови инвестиции и нови истражувачки проекти. Тоа долгорочно ќе придонесе за преродба на нашата индустрија и намалување на зависноста од странство, изјави Хернандез.

Советот, исто така, усвои и нови правила со кои земјите членки на ЕУ се обврзуваат заеднички да обезбедат намалување на потрошувачката на енергија за најмалку 11,7 отсто до 2030 година, во однос на проценките направени во 2020-та за тоа колку на крајот на оваа деценија ќе трошат крајните корисници.

Со новите правила се предвидува до 2024 година да биде подготвен план за тоа колкаво намалување на поторшувачката ќе треба да направи секоја земја членка одделно, од кое ќе биде дозволено отстапување до 2,5 отсто. Проценката за тоа колкаво намалување ќе треба да направи секоја од членките ќе се прави врз основа интензитетот на потрошувачка на енергија, националниот БДП по глава на жител, потенцијалот за користење на обновливи енергетски извори и капацитетот за заштеда на енергија.

Се предвидува и постепено зголемување на годишните цели за заштеда на енергија почнувајќи од следната година, при што главниот товар на штедење би паднал на јавниот сектор, со искучок на  јавниот транспорт и вооружените сили, а дополнително секоја земја членка ќе треба секоја година да реновира најмалку три отсто од вкупната површина на објектите во државна сопственост трансформирајќи ги во енергетски поефикасни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK