Соработниците на Навални тврдат: Руските власти со ултиматум на мајка му да го погреба во рок од 3 часа

Најмоќните-економии-во-светот-Бесни-сме-поради-смртта-на-Навални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на покојниот Алексеј Навални изјави дека руските власти ѝ рекле на мајка му oти нејзиниот син ќе биде погребан на теренот на казнената колонија каде што умрел, освен ако таа не се согласи во рок од три часа да го погреба без јавна посмртна церемонија.


Навални, познат и како политички противник на претседателот Владимир Путин, ненадејно почина пред една недела во казнената колонија на Арктикот каде издржуваше казна од повеќе од 30 години.

Неговата мајка Људмила (69) со денови бара од властите да го предадат телото на нејзиниот син за да го погреба на начин што ќе им овозможи на неговите пријатели, членови на семејството и поддржувачите да му оддадат почит.

Портпаролката на покојниот Алексеј Навални, Кира Џармиш, на „Икс“ напиша: „Пред еден час, истражителот и се јави на мајката на Алексеј и и’ постави ултиматум – или таа ќе се согласи на таен погреб во рок од три часа, или Алексеј ќе биде погребан во казнената колонија“.

Јармаш рече дека мајката на Навални продолжува да одбива таков ултиматум и продолжува да бара телото на нејзиниот син да и биде предадено. Засега руските власти не го коментираа развојот на настаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK