Сомнеж за ебола во Австрија: пациентка во изолација


depositphotos_191936650_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена за која постои сомнение дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест.


Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна се регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изолација, објавува австрискиот „Хојте“.

Првиот примерок од крв покажал негативен резултат за вирусот ебола, но случајот сè уште не е затворен. Според процедурите на австриските здравствени служби, неопходен е втор тест за да се исклучи можноста за инфекција.

До конечните резултати, жената останува на болничко лекување во изолација.

Австриските власти објавија дека пациентката ќе биде префрлена во специјализирана клиника во Виена во следните неколку часа со специјален медицински транспорт.

Во исто време, започнато е следење на сите лица кои биле во контакт со неа по нејзиното враќање од Уганда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK