Неколку згради во Москва утринава се оштетени при напад со дронови, објави градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.
„Рано утринава напад со дрон предизвика мала материјална штета на неколку згради. Сите служби за итни случаи во градот се на терен“, се наведува во соопштението.
Градоначалникот нагласи дека во инцидентот нема потешко повредени, а итните служби ги разјаснуваат околностите околу тоа што се случило.
Собјанин ги повика луѓето да им веруваат само на официјални извори и да не шират непроверени информации.
Неколку руски Телеграм канали објавија дека утрово биле соборени меѓу четири и десет беспилотни летала. Овие податоци не се потврдени.