Амстердам го ограничува пушењето марихуана: Граѓаните сакаат понормален живот

Weed-ban-amsterdam-feature
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во четвртокот, забраната за пушење марихуана на улиците на Црвениот кварт во Амстердам стапи на сила како дел од напорите на првиот градоначалник на градот, Фемке Халсема, да го „исчисти“ тоа градско подрачје.







Предупредувачките знаци се поставени во областа прекрстена со канали, позната по борделите, секс клубовите и кафулињата каде што се продава и консумира марихуана.

Квартот привлекува милиони туристи секоја година, но настаните во него го нарушуваат нормалниот живот на локалните жители.

Лицата фатени како ја прекршуваат забраната ризикуваат казна од 100 евра.

Градоначалникот Халсема вети дека ќе ги подобри работните и животните услови за сексуалните работници и ќе го намали криминалот и прекумерната употреба на дрога и алкохол во областа.

Во тек се дискусии за преместување на сексуалните услуги и нарко-туризмот надвор од центарот на градот, но на тоа се противат жителите на локациите кои се предложени како алтернативи.

Во Црвениот кварт и во другите делови на Амстердам, сепак ќе биде дозволено пушење на терасите и во кафулињата во кои се продава марихуана и хашиш.

Познато е дека холандските власти толерираат лична употреба на мали количини марихуана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK