Властите во САД уапсија 11 лица осомничени дека користеле дронови за шверц на дрога во затвор во Западна Вирџинија. Дванаесеттиот осомничен, кој побегнал од полицијата, подоцна бил пронајден мртов, пишува ABC News.
Шерифот на округот Мекдауел, Џејмс Манси, рече дека неговата канцеларија била контактирана во ноември од страна на официјални лица во Федералниот затвор Мекдауел во Велч за зголемената употреба на дронови во областа. При истрагата било откриено дека се работи за шверц на нелегални супстанци.
Мунси не кажа за каква дрога се работи и дали меѓу уапсените има затвореници. Меѓу осомничените е и маж од Луисвил, кој побегнал од полицијата на 9 февруари. Официјалните лица го пронајдоа мртов на 15 февруари, а неговото тело беше испратено на обдукција.
„Еден од уапсените осомничени е малолетник“, рече Мунси.