Со денови трае спасувањето на спелеологот во Турција – објавени нови детали и фотографии од пештерата

Со-денови-трае-спасувањето-на-спелеологот-во-Турција-–-објавени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжува големата спасувачка операција на американски спелеолог кој беше заробен на повеќе од 1.000 метри под земја на југот на Турција.


Марк Дики (40) бил на меѓународна истражувачка експедиција во пештерата Морка, во планините Таурус, кога доживеал гастроинтестинално крварење на длабочина од 1.040 метри.

Повеќе од 150 турски и странски спасувачи, меѓу кои и хрватски и бугарски тим, со денови се обидуваат да го извлечат од третата најдлабока пештера во земјата.

Свршеницата на Дики, Џесика Ван Орд, која беше со него за време на експедицијата, е во кампот и работи со спасувачките тимови.

Спасувачите денеска ги објави најновите информации и фотографии.

„Марк моментално се наоѓа на длабочина од -300 метри, а неговата здравствена состојба со континуирана грижа на лекарите е стабилна. Во тек се последните подготовки за транспорт на површината. Останатите наши спасувачи, кои беа во најдлабоките делови заминуваат по завршувањето на задачите“, е соопштено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK