Здравствените власти во американската сојузна држава Вашингтон соопштија дека три лица починале, а уште три се хоспитализирани откако испиле милкшејк контаминиран со листерија, опасен вид бактерија.
Си-Ен-Ен јавува дека трагедијата се случила во ресторанот „Фругалс“ во градот Такома.
Се наведува дека истражителите утврдиле дека инфекцијата избила поради нечисти машини за сладолед загадени со таа бактерија, кои вработените не ги исчистиле правилно.
Американската телевизија наведува дека листеријата може да влијае на здравјето на луѓето и до 70 дена откако ќе конзумираат храна или пијалок што биле контаминирани со неа.
До 7 август се користеа контаминирани машини во ресторанот, па можна е појава на нови пациенти, велат надлежните.