Словенија воведува гранични контроли поради заканата од тероризам

Словенија-воведува-гранични-контроли-поради-заканата-од-тероризам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенија воведува привремени гранични контроли на границата со Хрватска и Унгарија поради поголемиот ризик од тероризам, а не поради илегалните мигранти и ќе направи се за луѓето кои живеат покрај границите да не страдаат поради оваа привремена мерка, соопшти словенечката полиција по изјавата на министерот Боштјан Поклукар во Луксембург .


„Вчера Словенија ги објави и ги информира министрите на двете соседни земји, Хрватска и Унгарија, дека ќе воведеме контрола на внатрешните граници поради зголемената закана од тероризам“, изјави Поклукар на новинарите во Луксембург, каде што присуствуваше на состанокот на министрите за внатрешни работи на Земјите членки на ЕУ, пренесува ХИНА.

Љубљана вчера најави дека во сабота на полноќ ќе се воведат привремени контроли, десет дена и дека во меѓувреме ќе се донесе одлука за нивно евентуално продолжување. Италија во сабота ќе воведе и привремени гранични контроли со Словенија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK