Норвешката министерка за борба против плагијати, Сандра Бор, поднесе оставка по минатонеделните извештаи дека копирала делови од магистерскиот труд пред една деценија.
Бор, норвешката министерка за истражување и високо образование, на прес-конференција призна дека делови од нејзиниот магистерски труд биле плагијати откако наводите се појавија на интернет, објави политико.еу.
„Кога го напишав магистерскиот труд пред десет години, направив голема грешка. Зедов туѓ текст, но не го наведов изворот. Жал ми е“, рече таа.
Нејзиното признание дојде откако претходно сакала да казни студенти за плагијат. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере рече дека нејзините постапки „не се компатибилни со довербата што и беше дадена кога стана министерка“.
Бор ги предаде своите должности на Одмунд Леренскард Хоел.