Ситуацијата во правец на Бахмут во регионот Доњецк е многу тензична, но украинските војници постепено се движат напред и ја ослободуваат земјата, изјави денеска командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.
Тој посочи дека руските сили извршуваат интензивен артилериски и минофрлачки напади.
Сирски додаде дека во правец на Купјанск и Лиман, руските сили постојано напаѓаат.
Секојдневно одбиваме бројни напади на тие рути. Ниту една од нашите позиции не е изгубена, наведе Сирски.