Најмалку три лица се повредени при две силни експлозии во две станбени згради во Шведска.
Првата експлозија се случи доцна синоќа во Хаселби, предградие на Стокхолм, а втората денеска во Линкопинг, на околу 175 километри југозападно од Хаселби. Во експлозиите се оштетени фасадите и прозорците на зградите, пренесе АП.
„Шведско радио“ објави дека експлозијата во Линкопинг е поврзана со конфликти на две банди за дрога и оружје.
Полицијата соопшти дека сè уште никој не е уапсен во врска со експлозиите.
Од почетокот на годинава во Шведска се регистрирани вкупно 261 пукање од банди, при што загинале 36 лица, а 73 се повредени.