Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, објави дека имало инцидент во градскиот кварт Красногварде во кој делумно се оштетени балконите на две куќи, но нема повредени.
„Министерството за вонредни ситуации и припадниците на полицијата работат на местото на инцидентот во областа Красногварде. Нема повредени“, напиша Белглов на Телеграм.
Тој изјави дека станарите од тие објекти се евакуирани, пренесува РИА Новости.
Силна експлозија го потресе рускиот град Санкт Петербург рано утринава, откако беспилотно летало удрило во станбена зграда, јавија локалните медиуми, а пренесе Раша тудеј.
Како што пренесува локалниот весник Фонтанка, експлозијата се случила во северниот дел на градот, а фасадата на станбениот блок е „сериозно оштетена“.