Силен земјотрес го погоди Тајван, се тресеа згради во Тајпеј

zemjotres2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јилан во североисточниот дел на Тајван, соопшти локалната метеоролошка служба.


Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри, а засега нема информации за материјална штета.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град Тајпеј, каде што се тресеа згради, пренесува „Ројтерс“.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и припаѓа на земјотресните зони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK