Сијарто: Украина нема да добие помош сè додека не ја отстрани ОТП банка од црната листа

sijarto_3454354353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Унгарија ќе продолжи да ја блокира исплатата на новата транша од воената помош на ЕУ за Украина сè додека Киев не ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на меѓународни спонзори на руската инвазија, изјави во Виена унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

По средбата со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, Сијарто неодамнешното вклучување на ОТП банка на украинската листа го нарече „скандалозно и неприфатливо“ и додаде дека Унгарија нема да одобри исплата на 500 милиони евра од Европскиот механизам за поддршка на мирот (ЕПСМ) додека банката е на црната листа.


– Не можеме да поддржиме издвојување уште половина милијарда евра од Европскиот фонд за мир за трансфер на оружје во Украина и нема да дадеме зелено светло за тоа сè додека ОТП банка е на листата, посочи Сијарто.

Украинската државна агенција за спречување на корупција овој месец ја означи ОТП банка како меѓународен спонзор на руската војна против Украина поради нејзиното постојано присуство во Русија, што предизвика остра реакција од унгарските власти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK