Шведскиот премиер до Швеѓаните во Белгија: Внимавајте, следете ги инструкциите на властите

Шведскиот-премиер-до-Швеѓаните-во-Белгија-Внимавајте-следете-ги-инструкциите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ги повика Швеѓаните во Белгија да бидат внимателни и да ги следат упатствата на белгиските власти, откако вчера во Брисел беа убиени двајца Швеѓани. Сите Швеѓани во Белгија ќе добијат телефонска порака во која се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат упатствата на белгиските власти, рече Кристерсон.


Шведскиот министер за правда Гунар Штромер истакна дека шведската влада е во контакт со белгиските власти за да добие што повеќе информации.

„Добивме страшни вести од Брисел. Владината канцеларија и властите интензивно работат за да добијат повеќе информации за тоа што се случило“, рече Стромер.

Двајца шведски државјани беа убиени во Брисел неколку часа пред почетокот на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Белгија и Шведска, а уште едно лице е рането во нападот. Насилникот се уште не е уапсен, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно се симнал од мотоциклот и пукал од автоматско оружје, а потоа побегнал.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое маж, најверојатно сторителот, вели дека се вика Абдесалем Ал Гуилани и дека се бори за Алах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK