Шведска и Велика Британија се плашат од избувнувањето на Третата светска војна, повикуваат на регрутирање цивили

Шведска-и-Велика-Британија-се-плашат-од-избувнувањето-на-Третата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Војната во Украина, конфликтот на Блискиот исток, заладените односи меѓу Кина и Тајван, како и неодамнешните воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен го зголемија стравот дека Третата светска војна може да избие во наредниот период.

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, минатата недела предупреди дека цивилите мора да се подготват за сеопфатна војна со Русија во следните 20 години и додаде дека, покрај вооружените сили, и голем број цивили ќе се мобилизираат и дека на владите е да воспостават системи за управување со тој процес.

„Мораме да разбереме дека мирот не е загарантиран. И затоа ние (НАТО) се подготвуваме за конфликт со Русија. Но, дискусијата е многу поширока. Воено-индустриската база и народот треба да разберат дека играат улога “, рече Бауер и предупреди дека работите нема да бидат „одлични“ во следните 20 години.

Европските лидери повикуваат на регрутирање цивили

Околу 90.000 војници на НАТО ја започнаа оваа недела најголемата воена вежба на блокот од Студената војна. Целта на вежбата е зајакнување на одбранбените капацитети и ефикасноста на соработката на членките на Алијансата.

Една од земјите што ќе учествува на вежбите, иако се уште не е членка на НАТО, е Шведска.

Шведскиот министер за цивилна одбрана неодамна предупреди дека граѓаните на земјата наскоро би можеле да се соочат со војна, а потоа ги повика сите да се приклучат на доброволните одбранбени организации во подготовка за потенцијален вооружен конфликт.

„Може да има војна во Шведска. Светот се соочува со безбедносни проблеми чии ризици се поголеми од било кое време од крајот на Втората светска војна. Дали размислувавте дали имате време да се приклучите на доброволна организација за одбрана? Ако не,  почнете да размислувате“, рече неодамна министерот.

Друга земја која ги предупреди граѓаните за можна ескалација на конфликтот е Велика Британија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK