Штетата предизвикана од земјотресот што ја погоди Јапонија на 1 јануари и во кој загинаа повеќе од 230 луѓе, според проценките на јапонската влада би можела да биде помеѓу 6,9 и 16,2 милијарди евра.
За да се направи таа проценка, беа земени предвид штетите на зградите и инфраструктурата во префектурата Ишикава, која беше најтешко погодена, како и две соседни префектури, Тојами и Ниигата, а разликата е толку голема затоа што се уште не се проценети сите штети, рече функционерот, додавајќи дека тоа е извештајот презентиран на Советот на министри.
Официјалната проценка е повисока од првата проценка на делумна штета што ја направи приватниот сектор на почетокот на јануари.
Сепак, вкупната сума на штета треба да биде помала од онаа предизвикана по земјотресот и цунамито во 2011 година во североисточниот дел на Јапонија, која изнесуваше 147 милијарди евра.
Владата вчера донесе мерки за подобрување на условите за живот на лицата евакуирани по земјотресот од 1 јануари, реконструкција на погодените подрачја и ревитализација на туризмот.
Јапонскиот архипелаг е еден од сеизмички најактивните во светот. Модерните згради во Јапонија можат да издржат многу силни земјотреси, но тоа не е случај за многу стари згради, особено во руралните области како што е полуостровот Ното, кој е дом на префектурата Ишикава, епицентарот на земјотресот од 1 јануари.