Штајнмаер: Случувањата во Украина го уништија европскиот безбедносен поредок

shtajnmaer
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави за радио РББ дека актуелните случувања во Украина доведоа до долгорочно уништување на европскиот безбедносен поредок.







„За жал, европскиот безбедносен поредок веќе не постои. Единствената причина за тоа е она што сега се случува во Украина. И не сакаат сите да ја слушнат мојата прогноза за блиска иднина“, рече Штајнмаер.

Според германскиот претседател, дури ни прекин на судирите во Украина нема да значи враќање на старата безбедносна филозофија.

„Ќе настапи нова ситуација во која Европа, од една, и Русија, од друга страна, ќе се бранат една од друга“, рече Штајнмаер.

Тој истакна дека филозофијата на заедничка безбедност и долгорочно ќе престане да биде заеднички концепт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK