Шпекулации откако кинескиот министер за надворешни работи не се појавува во јавност

cin gang
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невообичаено долгото отсуство од јавни настапи предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, пренесе ДПА.

Министерот (57), кој ја презеде функцијата во март, последен пат се појави во јавност на официјални настани на 25 јуни, кога го прими рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко во Пекинг. Министерство за надворешни работи на Пекинг тогаш објави фотографија од средбата. Оттогаш Чин Ганг не е виден.


Кина го откажа состанокот на министерот со претставникот на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел во Пекинг, планиран за 10 јули, само неколку дена пред да се одржи. Не беше наведена причина за таквиот чекор.

Чин, исто така, не присуствуваше на состанокот на самитот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) минатата недела. Наместо тоа, на состанокот отпатува првиот кинески дипломат Ванг Ји, кој е над Чин во кинеската хиерархија на моќ.

На прашањето зошто Чин не присуствуваше на состанокот на АСЕАН, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи минатата недела одговори дека тоа не било можно поради здравствени причини. Вчера на прашање за долгото отсуство на министерот, портпаролката на кинеското МНР рече само дека „нема информации“ на оваа тема.

Чин беше амбасадор во Вашингтон пред неговото назначување за министер за надворешни работи. Пред тоа, тој беше заменик-министер за надворешни работи и шеф на протоколот на државниот и партискиот лидер Си Џинпинг од 2014 до 2017 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK