Шпанскиот парламент в четврток ќе гласа за реизбор на премиерот Педро Санчез

Шпанскиот-парламент-в-четврток-ќе-гласа-за-реизбор-на-премиерот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на шпанскиот Парламент, Франсина Арменгол, соопшти дека дебатата и гласањето за реизбор на актуелниот премиер во техничкиот мандат на Педро Санчез ќе се одржи кон крајот на неделава.


Партиските лидери в среда ќе разговараат за кандидатурата на Санчез, а гласањето ќе се одржи во четврток, кажа Арменгол.

Санчез, кој на оваа функција е од 2018 година, се очекува да биде изгласан без проблем во 350-члениот шпански Парламент, бидејќи неговата Социјалистичка партија, со освоени 121 место на изборите, во меѓувреме постигна договор со неколку помали партии со што обезбеди поддршка од 179 пратеници, три повеќе од потребното мнозинство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK