Шпанија го преместува својот систем за противвоздушна одбрана НАСАМС од Летонија во Литванија како заштита на самитот на НАТО

nasams
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската војска го преместува системот за воздушна одбрана стациониран во Летонија во соседна Литванија за да помогне во заштитата на самитот на НАТО, што следната недела ќе се одржи во Вилнус, соопшти денеска шпанската Амбасада во овој град.

„Можеме да потврдиме дека Шпанија придонесува за безбедноста на самитот на НАТО во Вилнус со единицата за воздушна одбрана НАСАМС“, соопштија од амбасадата за новинската агенција БНС.


Самитот на НАТО ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12 јули.

И Германија ги премести своите единици за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија за да помогне во заштитата на самитот.

НАСАМС (NASAMS) (Национален напреден ракетен систем земја-воздух) е заеднички развиен од Норвешка и САД и е дизајниран да се бори против воздушните напади со беспилотни летала, проектили или авиони. с

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK