Шолц: Мирот на Балканот не е нешто што се зема здраво за готово

248481_30062022olafsolcnato-1_f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува ДВ.


Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија пред се зависи од условите што земјата-членка мора да ги исполни на патот кон таа цел. Можеби тоа беше мал одговор на сите оние од Западен Балкан кои се чувствуваа заобиколени откако на крајот на минатата година им беше отворен патот на преговорите на Украина и Молдавија по скратена постапка. Сега Шолц уште еднаш јасно стави до знаење дека патот е долг, за некои многу, многу долг.

Тој се осврна и на безбедносната ситуација во регионот и рече дека мирот на Западен Балкан „не е нешто што се зема здраво за готово“.

„Босна и Херцеговина игра важна улога овде и ќе се спротивставиме на секој обид за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Шолц и нагласи дека затоа Германија ќе истрае да учествува во воените мисии Еуфор и Алтеа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK