Шолц и вети на Италија солидарност во прифаќањето на бегалците

sholc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Италија солидарност за прифаќање бегалци, јави ДПА.

– Италија, Грција и другите земји-членки на ЕУ во медитеранскиот регион се соочуваат со голем предизвик поради зголемениот број бегалци кои пристигнуваат таму, изјави Шолц за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пред неговата денешна посета на Рим.


„Не смееме да ги оставиме Италија и другите земји сами со ова, туку да го следиме пристапот на солидарност и одговорност“, додаде германскиот канцелар.

Шолц повика и на договор за голема реформа на европскиот систем за азил. „Неопходна е солидарна распределба на одговорностите и надлежностите меѓу земјите-членки на ЕУ, како и почитување на стандардите во однос на барателите на азил во процедурите за доделување на ова право и интеграција во земјите на ЕУ“.

Шолц утрово замина за Рим за да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони. Ова е негова прва посета на италијанскиот главен град откако Мелони ја презеде власта во октомври минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK