Шефот на Вагнер ѝ понудил на Украина да ги открие локациите на руските трупи, пишува „Вашингтон пост“

vagner
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Евгениј Пригожин, шефот на платеничките сили „Вагнер“ и понудил на украинската Влада да ја открие позицијата на руските војници, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на американското разузнавање.







Војниците на Вагнер беа во првите редови на крвавата руска офанзива за преземање на градот Бахмут. Во замена Украина да ги повлече своите војници од областа, Пригожин во јануари ѝ понудил на својата разузнавачка служба да и ги каже позициите на руските сили, објави весникот.

Весникот наведува дека Украина ја одбила понудата.

Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, јавно се закани дека ќе ги повлече своите платеници од областа околу Бахмут доколку не ја добијат потребната муниција.

Тој во вторникот во аудио порака рече дека тој и неговите луѓе ќе се сметаат за предавници доколку ја напуштат областа.

„Вашингтон Пост“ објави дека понудата на Пригожин дошла преку неговите контакти со украинската разузнавачка служба. Портпаролот на Белата куќа одби да го коментира извештајот, кој се заснова на тајни американски документи протечени на платформата за групни разговори Discord.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK