Шефот на Пентагон, Лојд Остин, на вчерашната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека САД ќе продолжат активно да соработуваат со Украина и нејзините сојузници и партнери за да и обезбедат на украинската војска сè што и е потребно за да успее на бојното поле, објави украинската агенција Укринформ.
„Ќе продолжиме да работиме напорно со Украина и со нашите меѓународни сојузници и партнери за да се осигураме дека вооружените сили на Украина го имаат она што им е потребно за да бидат успешни на бојното поле“, изјави за новинарите американскиот министер за одбрана Патрик Рајдер.
Остин ја истакна неговата лична посветеност и вклученост во ова прашање, како и соработката со меѓународните лидери, рече тој.