Шефот на НАТО: Ја зајакнуваме украинската воздушна одбрана

Шефот-на-НАТО-Ја-зајакнуваме-украинската-воздушна-одбрана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членките на НАТО на средбата со Украина јасно ставија до знаење дека ќе продолжат да и обезбедуваат голема воена, економска и хуманитарна помош на таа земја додека се бори против руската инвазија, соопшти НАТО.


Во соопштението за печатот на НАТО објавено по видео-конференцијата на Советот НАТО-Украина, се наведува и дека земјите-членки презентирале планови за обезбедување дополнителни милијарди евра за Украина во 2024 година.

„НАТО силно ги осудува руските ракетни и беспилотни напади врз украинските цивили, вклучително и оружје од Северна Кореја и Иран“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Додека Москва ги интензивира своите напади врз украинските градови и цивили, сојузниците на НАТО ја зајакнуваат воздушната одбрана на Украина“, додаде тој.

Украина на состанокот преку видео повик ја претставуваше генерал-полковник Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили и заменик-министер за внатрешни работи Олексеј Серхиев. Русија неодамна ги засили своите напади врз Украина. Претходно овој месец ги нападна двата најголеми украински града Киев и Харков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK