Шарл Мишел се откажува од кандидатурата на европските избори

Шарл-Мишел-се-откажува-од-кандидатурата-на-европските-избори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека се откажува од својот план да се кандидира за функцијата пратеник во Европскиот парламент.


„Нема да бидам кандидат на европските избори. Сите мои напори ќе ги посветам на моите сегашни обврски додека не завршат“, напиша Мишел на Фејсбук.

Одлуката на Мишел претходно овој месец да се кандидира на изборите во јуни како кандидат за белгиската либерална партија наиде на критики, делумно затоа што тој ќе мора предвреме да ја напушти сегашната функција.

Неговата кандидатура, исто така, покрена прашања за евентуален судир на интереси, бидејќи тој ќе се кандидира како партиски политичар во изборната кампања во исто време како вршител на должноста претседател на совет составен од водачи од различни политички групи.

„Секогаш ќе бидам застапник за Европа која е демократска, силна, обединета и господар на сопствената судбина. На крајот од овој мандат, ќе размислувам за природата и насоката на моите идни обврски“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK