Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.
Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.
Засега нема информации за материјална штета или жртви.