Седми ден од катаклизмата во Кина: поплавен јужниот дел на земјата, најсилно невреме во последните 150 години

Седми-ден-од-катаклизмата-во-Кина-поплавен-јужниот-дел-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е на јачина на тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а многу жители и патишта се блокирани.



Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, вчера спасувачите на чамци се обидуваа да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, објавија денеска државните медиуми.

Во планинските региони на тој округ, лизгањето на земјиштето уништи патишта и урна мостови, објави Ројтерс. Во метеоролошката станица во Бобаи беше соборен локален рекорд кога количината на врнежи достигна 511,2 милиметри на метар квадратен, што е повеќе од четвртина од годишните врнежи во регионот.

Хаикуи ослабе од тајфун во тропска бура на 5 септември кога ја погоди кинеската провинција Фуџијан, но продолжи да носи обилни врнежи во јужна Кина, при што градот Шенжен беше погоден од најсилните дождови од почетокот на евиденцијата во 1952 година.

Хонг Конг го зафати најсилното невреме во последните 140 години. Метеоролозите најавија дека обилните врнежи ќе продолжат да паѓаат во Гуангкси во следните неколку дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK