Нигериски хеликоптер испратен да го спасува воениот персонал се урнал, при што загинале оние што биле внатре, објави „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на неименувани сведоци.
Воздухопловството на Нигерија објави дека хеликоптерот МИ-171 бил на „мисија за евакуација на жртви“ во Нигер, додавајќи дека сè уште ги истражуваат причините за падот, пренесува „АП“. Нигериските воздухопловни сили не соопштија детали за жртвите во инцидентот.
Воената хунта во Нигер се заканува дека ќе го убие соборениот претседател Базум доколку се започне воена интервенција.
Локалните жители, сепак, изјавија за американската агенција дека хеликоптерот бил соборен од вооружени банди додека превезувал војници кои биле ранети и убиени во претходниот напад.
Тие тврдат дека биле убиени околу 20 нигериски војници.
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу изрази сочувство до семејствата на загинатите.