Се урна мост во Дрезден, граѓаните слушнале силна експлозија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем дел од мостот „Карола“ на Елба во Дрезден, кој го поврзува стариот град со другите делови, во текот на ноќта се урнал во реката, соопшти противпожарната служба.



Портпаролот на противпожарната служба изјави дека се урнале околу стотина метри од мостот, а поради оштетување на цевките е прекинато снабдувањето со топлинска енергија во градот.

– Засега нема информации за повредени. Тоа значи дека на мостот во моментот на уривањето немало возила – изјави портпаролот.

Пожарникарите од утрово се на терен и се обидуваат да го обезбедат мостот, кој може да претрпи дополнителна штета. Граѓаните пријавиле дека слушнале силна експлозија.

Мостот „Карола“ е изграден во 1971 година и е еден од вкупно четирите моста на Елба во Дрезден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK