Bo областа на северозападните територии на Канада, во близина на градот Форт Смит, се урна авион, при што загинаа непознат број луѓе. Надлежните не соопштуваат точно колку луѓе загинале во несреќата.
Авионот летал кон рудник за дијаманти, а дел од патниците во леталото биле вработени во рударската компанија Рио Тинто.
„Во овој момент можеме само да потврдиме дека има жртви“, рече лекарот Гарт Егенбергер.
Канадскиот одбор за безбедност на транспортот спроведува истрага за несреќата. Тој објави дека се работи за модел на авион на британскиот аероспејс џетстрим, кој може да превезува до 19 патници, а е регистриран во компанијата Нортвестерн Ер Лиз, пишува Си-Ен-Ен.