Се урна авион во Јужен Судан, 18 загинати

avion-sudan-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авион со 21 патник и членови на екипажот се урна денеска во државата Унити, Јужен Судан, при што загинаа 18 лица, јави Радио Мираја, кое работи како дел од Мисијата на Обединетите нации во Јужен Судан (УНМИСС), пренесе Ројтерс.


Според извештајот, авионот полетал од нафтено поле на северот на земјата пред да се урне. Дополнителни детали за несреќата се уште не се објавени, а министерот за информации Мајкл Макуеј не одговори веднаш на барањата за коментар. Јужен Судан, погоден од повеќегодишни конфликти и нестабилност, имаше неколку авионски несреќи во последниве години.

Во септември 2018 година, најмалку 19 лица загинаа кога мал патнички авион се урна на летот од главниот град Џуба до градот Јирол. Во 2015 година, десетици луѓе ги загубија животите кога руски товарен авион со патници се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Џуба.

Воздушните несреќи во земјата често се поврзуваат со лошата инфраструктура, недостатокот на безбедносни стандарди и старите авиони кои сè уште се користат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK