Данска и дава дозвола на руска компанија да работи на гасоводот Северен тек 2

3-30.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Данската агенција за енергетика му даде дозвола на „Северен тек 2 АГ“ да врши конзерваторски работи на гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, кој беше оштетен во серија експлозии во 2022 година.


Работите за одржување се неопходни за да се намалат еколошките и безбедносните ризици кои произлегуваат од полнењето на гасоводот со морска вода и со останатиот природен гас, се вели во соопштението на агенцијата.

„Работата, која ќе биде извршена до крајот на 2025 година, има за цел да го зачува оштетениот цевковод со инсталирање на сопствени приклучоци на секој од отворените краеви на цевката за да се спречи понатамошно истекување на гас и прилив на кислородна морска вода во системот, се додава во соопштението, пренесе Ројтерс.

Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките на рускиот гас во Германија, на вкупно 110 милијарди кубни метри гас годишно. Руски „Газпром“, германските „Wintershall Dea“ и „Uniper“, австриски ОMV, француски „Engie“ и британски „Shell“ го потпишаа договорот за градење уште кон средината на 2015 година. „Газпром“ е сопственик на 51 отсто од уделите во проектот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK